Докторот го фалсификувал потписот на Марадона
Истрагата за смртта на Диего Марадона докажала дека неговиот доктор, Леополдо Луке, ги фалсификувал потписите во клучните медицински документи.
Марадона почна во ноември минатата година, а аргентинските власти веднаш покренаа истрага, која треба да ги открие причините за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Луке го фалсификувал потписот на Марадона за да можел да има пристап до неговиот медицински картон.
„Пронајдовме три фалсификувани парчиња хартија, еден до друг. Тоа беше толку очигледно. Стручњаците ги потврдија нашите сомнежи, потписите биле фалсификат“, рекол еден од истражителите.
Луке, веднаш по смртта на Марадона, одржа прес-конференција, на која низ солзи на новинарите им раскажал дека легендарниот фудбалер одбивал да ја прима препишаната терапија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа