Верување кое ќе ви се допадне: Ставете ја оваа билка покрај врата и паричникот ќе ви биде полн со пари

 

Crassula ovata (Красула овата) е сукулент кој е познат како Долар дрво, поради неговите меснати и заоблени листови кои потсетуваат на некогашните кованици од еден долар. Познат е и како Дрво на парите, поради верувањето дека има магична моќ да ги привлече парите.

Одгледување
Се одгледува на директно сонце или во блага сенка, во супстрат со добра дренажа. Премногу силно сонце може да доведе до оштетување (изгореници) на листовите. Во периодот кога расте треба да се полева редовно со умерена количина на вода. Помеѓу две полевања супстратот треба да се остави да се исуши. Во зима се полева многу малку или воопшто не се полева доколку е во простории со пониска темература. Премногу вода може да доведе до опаѓање на листовите. Минималната температура која ја толерира е околу -1 °C.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега