Дали маските нѐ штитат од новите соеви на Ковид-19?
Светот е во страв поради појавата на новите соеви на коронавирусот, а експертите ни откриваат дали маските и натаму нѐ штитат.
Во последно време се појавиле неколку нови соеви на вирусот, а тоа што луѓето посебно ги загрижува е тоа што се позаразни и дали вакцините ќе бидат подеднакво ефикасни. Засега истражувањата покажуваат дека вакцината ве штити од новите соеви на коронавирусот, а се поставува и прашањето дали маските и натаму не штитат од заразата.
Познатиот американски епидемиолог др Ентони Фаучи тврди дека маските се уште не штитат, и покрај мутациите.
"Маските не се ништо помалку ефикасни со појавата на новите соеви. Различните соеви на вирусот всушност се само причина повеќе секогаш да носиме маска", рекол неодамна на брифинг во Белата куќа.
И асистентот на професорот за инфективни болести на Универзитетската школа Емори за медицина во Атланта, др Мерибет Секстон, го споделува истото мислење за маските.
"Новите соеви често значат дека заразените луѓе имаат поголема количина на вирус во носот и устата, така што, кога дишат, зборуваат и кашлаат или пеат, исфрлаат повеќе инфективни честички", вели др Секстон, додавајќи дека тоа не претставува проблем "доколку сите носат маски".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа