Сарачини на средба со претставници на Кластерот за текстил

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска ќе оствари средба со претставниците на Текстилните друштва-Кластер за текстил.

Предвидено е на средбата да се дискутира за стратешката определба на Министерството за спроведување на континуирани, системски реформи со цел создавање предвидлива бизнис клима, подобрување на условите на делување на деловните субјекти, но и истовремено почитување на  правата и обврските.

04.11.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега