Тригодишно момче почина откако врз него падна метална ограда - еве ги деталите
Викендов трагедија ја потресе Србија кога метална ограда усмрти тригодишно детенце кое си играло пред куќа. Како што пренесува Блиц, сопственикот на куќата од каде паднала оградата си заработил кривична пријава за загрозување на сигурноста, а соседите тврдат дека и претходно на улицата поминувале и си играле дечиња, но дека никогаш немало никаков проблем ниту со оградата ниту со нешто друго.
За жал, малечкиот Петар Стошиќ кој си играл на улица, го усмртила метална ограда која паднала врз него. Очевидците велат дека глетката била ужасна. Сестричката на малото момче веднаш отрчала кај своите родители извикувајќи: Мамо, насекаде псрска крв, мамо насекаде прска крв од бато...
Тетката на малото момче која била на гости во ниванта куќа веднаш истрчалка надвор. Таа за Блиц вели дека внукот и умирал во рацете.
- Ги молев докторите да го спасат но ми рекоа дека иако дале се од себе не можат да го сопрат внатрешното крварење. Само што излегоа неговите родители од собата, срценцето престана да му чука, вели низ солзи неговата тетка.
Семејството е сеуште во шок. Според зборовите на очевидците мајката на малиот Петар ја држи неговата перница во рака и не се помрднува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа