Додала само една состојка во нејзиното цвеќе и цветало „како лудо“ - како оваа тајна порано не ја дознавме

 

Кога ќе ги купиме цвеќињата директно од цвеќара, тие секогаш се бујни, расцветани прекрасни...

Но, по некој период, цветот ќе им опадне и долго време потоа не процветуваат. Понекогаш се чини дека цела вечност хибернираат!

Но, постои еден мал трик со кој цвеќињата цветаат уште поубаво и побујно, а градинарите и оние кои ја познаваат тајната на светот на цвеќињата – препорачуваат нивно исхранување и тоа во периодот кога ќе се појават првите пупки.

Можеби ќе се зачудите, но една од состојките кои ја сакаат цвеќињата е рицинусовото масло. Излегува дека не расте само косата со помош на рицинусово масло.

Со помош на рицинусовото масло процесот на цветање трае подолго, цветовите се покрупни и поубави а венечните ливчиња добиваат поинтензивна боја.

Во еден литар вода, која претходно отстојала неколку дена на собна температура, се додава едно кафено лажиче рицинусово масло.

Шишето добро затворете го, па протресете го додека да се раствори маслото и добро да се соедини со водата. За да не го изгори цвеќето, можете течноста да ја ставите во распрскувач, па на тој начин да ја навлажните земјата.

Веднаш по протресувањето, додека маслото не се подигнало на површина – треба да се залее цвеќето.

Ако вашето цвеќе цвета еднаш годишно, доволно е само едно вакво прихранување. Ако цвета почесто, тогаш прихранувајте го еднаш месечно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2021 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега