Поради девојка се случило двојното убиство пред ноќниот клуб во Хрватска
Откриена е причината за убиството на двете момчиња пред ноќниот клуб во местото Војишница, во близина на Карловац, Хрватска.
Во едно локално кафуле момчињата се виделе час ипол убиството. Осомничениот за двојното убиство е 21- годишниот Бошко Шапиќ кој дошол на амсата на која седеле 21- годишниот Алвин Хорватиќ и 20 - годишниот Дејан Вучковиќ и им рекол: Ќе ви е*ам мајката усташка, вечерва ќе паѓаат мртви глави, ова го изјави 19- годишниот Бојан Вучковиќ кој бил во друштво на сега веќе покоен брат Дејан.
Тој останал во кафулето а двете други момчиња продолжиле со забавата во ноќниот клуб Heart.
Според неофицијални изјави двојното убиство настанало поради девојка. Таа се вика Викторија Јакуш-Мејарец која живее во Виргинмост, пишува Јутарњи.
Според изворите на весникот Јутарњи тврдат дека 18- годишната Вики била девојка на сите три момчиња, прво на Дејан, потоа на Алвин, а моментално е во врска со Бошко кој сите тројца се другари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа