Археолозите ги завршија истражувањата на локалитетот Мрдаја во Стар Дојран
Археолозите од гевгелискиот и струмичкиот музеј ги завршија годинашните активности на локалитетот Мрдаја во Стар Дојран.
Активностите завршија на делот каде што беа пронајдени вкупно четири колца од населбата, фрагментирана садова керамика, преносни печки наречени саѓаци, керамички пршлени за вретено, бронзен накит и алатки од камен и кремен. Досега, ова е прва населба од ваков вид откриена во Дојранското езеро.
Од општината велат дека целта е да се збогати туристичката понуда и да даде придонес во локалниот економски развој на општина Дојран.
04.11.2013 - 12:09
Фото:
Нова Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа