Од полноќ горивата поевтини за два денари

 

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да се намалат цените на бензинот и дизелот, па така тие ќе бидат поевтини за два денари.

Со промените, новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 68,50 денари. 

И малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за  1,078 ден/кг.

 

04.11.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега