ФОТО: Шеф Никола и Стефанија очекуваат второ дете? „Втора рунда, одиме повторно“

 

Еден од нашите најдобри готвачи, кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола и неговата сопруга Стефанија се венчаа пред две години, а неколку месеци подоцна тие го добија своето прво дете, ќеркичката Дарија, а сега се чини дека Дарија ќе стане дада, односно Никола и Стефанија чекаат второ дете?

Имено на својот Инстаграм профил Стефанија објави анимирана фотографија на која е прикажано како таткото го бакнува стомакот на мајката, а таа е бремена, додека на рамениците има мало девојче, па напиша „Втора рунда, одиме повторно“.

Истата фотографија ја сподели и Никола на Инстаграм , но не напиша ништо повеќе.

Инаку, Никола од првиот брак има син.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега