Ѓорче Петров ја активираше дежурната екипа за рачно справување со снегот (ФОТО)

Општина Ѓорче Петров ја активираше дежурната екипа која ја контролира ситуацијата со снегот на мостот пред Даме Груев. Оваа информација на Фејсбук ја соопшти градоначалникот Александар Наумоски.

-Рачно се расфрла сол на коловозот и тротоарите. Будно ја следиме состојбата и по потреба ќе реагираме онаму каде снегот би можел да го закочи сообраќајот, напиша Наумоски на ФБ.

Меѓутоа, токму „рачното“ фрлање сол предизвика остри реакции на социјалните мрежи. „Рачно?! Сироти ние“, „Ова е екипата???? Јадно...“, се само дел од реакциите на граѓаните.

Активирана е дежурна екипа која ја контролира ситуацијата со снегот на мостот пред Даме Груев. Рачно се расфрла сол...

Posted by Aleksandar Naumoski on Saturday, 13 February 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2021 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега