ФОТО: Навивачите биле целосно збунети кога Ѓоковиќ ја кренал маицата - што му е тоа на стомакот, трпи ли болки
Како што знаеме, Новак Ѓоковиќ во осминафиналето го совлада Милош Раониќ, но со големи потешкотии поради повредата со која што се здоби едно коло претходно.
Според гримасите на Ѓоковиќ, можеше да се види дека првиот тенисер на светот имаше големи маки, но и неколку пати во телевизискиот пренос камерата успеа да го „улови“ неговиот стомак.
Речиси целата десна страна од предниот дел од стoмакот на српскиот тенисер е завиена со завои, а тоа е многу проблематично место кое што тенисерот успеа да го повреди во натпревар претходно, односно се здоби со повреда на мускулот на стомачниот ѕид.
Самиот Новак порача дека лековите против болки кои што ги консумира му помагаат да ја „ублажи“ болката и среќа што турнирот не се игра секој ден, но самиот поглед кон неговиот стомак предизвикува „морничавост“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа