Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага нов претседавач на Советот во општина Центар

 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар предлагаат да се избере нов претседател на Советот на општината за да не се блокира работењето на Советот и функционирањето на Општината.

- Водејќи се од темелната заложба да се работи од интерес на граѓаните на Центар, наш заеднички обостран интерес е да не се престане со работата на Советот и покрај објективната пречка која се јавува со судската постапка која се води против претседателот на Советот Шиповиќ, поради сомневање за сторена злоупотреба од над еден милион евра. Подготвени сме да поддржиме било кој предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски, изјави Томислав Лазаров, к

оординатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека за жал Жерновски и мнозинството на СДСМ не го поддржаа овој предлог, што покажува дека работат на штета на граѓанитеО и посакуваат блокада која ја користат како манипулација.

05.11.2013 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега