СДСМ: Шиповиќ е легитимно избран - ВМРО-ДПМНЕ нема право да бара нов претседавач
Опозициската СДСМ денеска реагираше на барањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за нов претседавач со советот на општина Центар.
- ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да бара избор на нов претседавач на Советот на Општина Центар. Мирослав Шиповиќ е легитимно избран за претседавач, согласно волјата на граѓаните на последните локални избори, стои во реацијата.
Од СДСМ додаваат дека неговото оправдано отсуство е резултат на политичкиот процес што власта го води против него.
- Доколку навистина сакаат да бидат конструктивни, ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја проблематизираат позицијата на претседавачот Мирослав Шиповиќ, туку да го дадат својот придонес во советот и да работат во интерес на граѓаните на Центар, се вели во реакцијата од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа