Скриен симптом на коронавирусот најчест кај жените- состојба која може да биде прилично болна
Костохондритисот се карактеризира со болка слична на онаа предизвикана од срцеви заболувања или срцев удар. Според некои истражувања, костохондритисот е еден од скриените симптоми на коронавирус.
– Костохондритисот е воспаление на ‘рскавицата која ги поврзува ребрата со градната коска. Тоа е воспалителен процес кој обично зафаќа неколку ребра, обично од иста страна на градната коска. Тоа е состојба која може да биде прилично болна, поради што пациентот се консултира со лекар – објаснува проф. Злата Ожвачиќ Аџиќ, специјалист за семејна медицина, јавува ХРТ.
Најчесто тоа е неспецифично воспаление кое е примарно, иако понекогаш може да се појави како дел од други болести – како што се ревматски воспалителни болести или дури и да укажува на тумор во телото, но тоа се многу ретки случаи. Некои истражувања покажаа дека костохондритисот е почест кај жените. Главниот симптом што пациентите го пријавуваат на лекар е болка во градите.
Првата задача на лекарите од примарната здравствена заштита е да ја исклучат можноста за акутен миокарден инфаркт или срцев удар. Со палпација, односно притисок врз местото на болка, лекарот веќе открива потенцијален проблем, како и длабокото дишење и движења на рацете на пациентот. Ова се само првите чекори во дијагнозата. Потоа, на пациентот му се дава електрокардиограм.
– Костохондритисот обично се решава самиот од себе, долгорочната прогноза е добра. Се лекува со аналгетици и антиинфламаторни лекови, првенствено нестероидни антиревматски лекови. Воспалението што предизвикува болка се смирува со текот на времето и лековите се применуваат локално или орално – додава проф. Злата Ошвачиќ Аџиќ.
Професорот секако ги советува луѓето веднаш да се обратат на лекар во случај на болка во градите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа