Груевски на средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ќе оствари средба со својот македонски колега, премиерот Никола Груевски. Рама ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести. 

Рама ќе оствари средби и со шефот на државата, Ѓорге Иванов, собранискиот спикер, Трајко Вељаноски, и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

-„Се очекува да се разговара за повеќе теми од заеднички интерес, дополнително унапредување на билатералната соработка, за соработката на полето на економијата и трговската размена, како и за реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евроатлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји“, се наведува во соопштението.

Инаку, ова е прва посета на албанскиот премиер во земјава откако ја презеде премиерската функција.

06.11.2013 - 09:19
Фото: 
Утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега