Човек уловил ајкула, па ѝ го распарал стомакот: Внатре наишол на нешто необично
Рибарот кој што ловел на крајбрежјето на Индонезија сигурно не предвидувал што ќе најде тој ден во својата мрежа.
Абдулах Нурен (48) забележал дека во мрежата се заплеткала ајкула, па успеал некако да ја улови и извлече надвор од водата.
Потоа го распарал нејзиниот стомак, а внатре го дочекало изненадување, пренесува „Dailymail“.
Имено, во стомакот на мајката ајкула имало три бебиња - две биле исти како неа, но третото било многу необично. Имало многу чудно лице, со две крупни очи, а луѓето истото го поврзуваат со човечкото лице.
„Ја однесов дома и ја чувам. Многумина ми нудеа пари да ја купат и да ја земат со себе, но јас не сакам. Ќе ја чувам затоа што мислам дека ќе ми донесе среќа“, изјавил рибарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа