Пејачот Благоја Грујовски за битката со коронавирусот: Мајка ми на 82. години помина лесно, а јас се борев за живот

 

Пред десет дена заврши моето болничко лекување од корона вирус и се вратив дома. За искуството, што да ви кажам, мора да се разбие таа фама дека има правила, дека младите и здрави луѓе лесно го пребродуваат, а на удар се само старите и болните. Од сопствено искуство и од она што го видов на клиника, стереотипот не важи за вирусот – раскажа за „Фокус“ фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој ја добил битката над коронавирусот.

Иако ја победил болеста, вели дека ќе биде потребен одреден периот за да се среди и да се врати на стариот живот, да го зајакне имунитетот и да продолжи таму, каде болеста го прекинала.

-Многу лекарства примив, бев хоспитализиран првин на одделение во „8-миСептември“, а потоа и на клиниката Аџибадем Систина, бидејќи мојата состојба беше крајно сериозна.

Целиот живот сум бил здрав како дрен, не верував дека вирусот може така да ме покоси… Од друга страна пак, мојата мајка која има 82 години, која е со хронично срцево заболување, помина со лесно. Поради годините, би рекол, таа едвај стоеше на нозе, јас одев да ја негувам пред да се инфицираме. Но, за среќа, нејзините симптоми беа лесни. Не знам дали е тоа бидејќи таа целиот живот беше здрава, дури и сега на овие години има добра крвна слика, кој би можел да каже? Поентата ми е дека мора да се разбие фамата, дека ако си млад, лесно ќе заздравиш. Нема тука правила – изјави Грујовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега