Бразилската мутација на коронавирусот веројатно е отпорна на вакцините

 

Бразилската мутација на ковид-19 можеби е отпорна на вакцините, велат научниците.

Во студија за појавата на мутациите и ширењето на коронавирусот во Манаус во Амазонија тие посочуваат дека оваа варијанта има единствена комбинација на мутации и оти за кратко време станала доминантна во тоа подрачје.

Од стотина луѓе во Манаус кои што беа заразени со коронавирусот, постои сомнение дека од 25 до 61 повторно се заразиле со П.1, изјави Нуно Фариа, виролог од Империјал колеџот во Лондон, коавтор на студијата.

Научниците проценуваат дека „П.1“ од изворната варијанта на коронавирусот е позаразен за 1,4 до 2,2 пати.

Фариа вели дека засега е прерано да се каже дали вакцините против оваа мутација се помалку ефикасни.

-Нема конечни докази кои би укажале на тоа дека актуелните вакцини нема да бидат ефикасни против П.1, изјави Фариа.

Тој сепак истакна дека верува дека вакцините „во најмала рака ќе штитат од болеста и можното повторно заразување“.

Научниците ширум светот се внимателни во врска со новите мутации на коронавирусот кои се шират побрзо, а за некои од мутациите не е целосно познато дали се отпорни на вакцините.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега