Со мотор влетал во продавница во неготинско- мотоциклист тешко повреден
Мотоциклист со тешки повреди пренесен во болница откако претходо изгубил контрола и влетал во продавница.
-На 03.03.2021 во 21.15 часот на патот во село Долни Дисан, неготинско, Д.Р.(33) од село Долни Дисан, управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, удрил во објект - колонијална продавница, информираат од полиција.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен бил увид на местото на настанот.
04.03.2021 - 12:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа