Пазарна инспекција ја испразни салата: Навивачите не го дочекаа крајот на мечот Вардар – Мешков Брест
150 навивачи кои во „Јане Сандански“ го следена натпреварот Вардар – Мешков Брест не го дочекаа крајот.
Полицијата и пазарни инспектори ја испразнија салата.
Директорот на Пазарна, Стојко Пауновски во изјава за „Слободен печат“ вели се преземени соодветни законски мерки.
-Публиката е испразнета со полицијата, а од наша страна се преземени соодветните законски мерки против организаторот. Ракометниот натпревар бил меѓународен меѓу екипите на Вардар и Брест, вели Пауновски за „Слободен печат.
Публиката го напуштила на полувреме, пред да го проследи конечниот резултат.
Исто така вечерва ресторан во Тетово е затворен откако во него пазарните инспектори затекнаа околу 100 гости на настан, соопшти ДПИ.
Во соработка со полицијата објектот е испразнет и преземени се соодветни мерки, согласно законот и протоколите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа