Британски научници развија тест кој навремено открива високоризични пациенти

 

Научниците развија тест на крвта што може ефикасно да открие пациенти кои имаат голем ризик да добијат потешка форма на коронавирус.

Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозно заболување на коските, објави „Дејли мејл“.

Се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои ковид-пациенти.

Меѓутоа, ако се открие на време, за време на приемот на пациентот во болница, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување на артритис. А намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да умре од ковид, објасниле истражувачите.

Во студија спроведена на повеќе од 500 пациенти, тим научници откриле дека нивоата на протеинот познат како цитокин се значително повисоки кај сериозно болни луѓе, па дури и десет пати повисоки кај луѓето кои подоцна починале.

Професорот Питер Опеншау, еден од експертите кои учествуваа во студијата, рече дека овие откритија се многу важни во борбата против Ковид-19.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега