Британскиот сој на коронавирусот потврден и кај мачка- има исти сиптоми како и луѓето

 

Во споредба со пред дваесет дена, кога беше забележан почетокот на третиот бран на пандемијата со „ковид-19“ во Италија, бројот на смртни случаи за еден ден е двојно зголемен, а има уште неколку илјади новозаразени.

 Во последните 24 часа од инфекцијата починале 423 лица, а меѓу 350 илјади тестирани откриени се скоро 25 илјади нови случаи на инфекција, пишува агенцијата Анса.

Ветеринарите го открија првиот случај на инфекција со британскиот вид на вирус, мачка која живее во семејство, во општина Новара.

Сопствениците на домашното животно се наоѓаат во карантин поради инфекцијата, а според експертите на зоопрофилактичкиот институт мачката се заразила од сопственикот и ги имала истите симптоми како и луѓето.

Директорот на Институтот, Анџело Ферари, потврди дека инфекцијата преминала од луѓе на животни, а не обратно, и дека домашните животни не се носители на инфекцијата.

Тој потсети дека на фармите за размножување визон, чие крзно се користи за производство на скапи крзнени палта, инфекцијата се шири и кај луѓето, односно од персоналот што работел на тие фарми.

Во Италија, и некои други европски земји, сите тие фармски животни се убиваат, превентивно, а фармите се затворени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега