За Кочани само Црвенковски може да биде лидер на СДСМ

Општиските ограноци на СДСМ веќе ги поднесуваат своите кандидатури за нов лидер на СДСМ. Црвенковски иако најави дека нема да прифати нова кандидатура за шеф на СДСМ, сепак партиските ограноци не пропуштаат да го кандидаираат, за секоја случај, доколку се реши да се предомисли.  Како што дознава Press24 од свои извори во СДСМ, само општинските ограноци во Штип и скопско Ѓорче Петров поднеле по 4 кандидатури меѓу кои не е името на долгогодишниот лидер. Таму фигурираат веќе профилираните кандидати за претседател, Кире Наумов, Зоран Јовановски, Зоран Заев и Зоран Јовановски.   За разлика од овие ограноци, локалниот одбор на СДСМ во Кочани, поднел само една кандидатура за претседател. За социјалдемократите од градот на оризот, единствено Црвенковски може да биде нов лидер на СДСМ.
Во општинските ограноци на СДСМ во Битола, Прилеп, Центар и во Неготино се договориле до Централниот одбор на СДСМ да испратат по 5 кандидатури, одноно веќе познатите 4 кандидати плус онаа на актуелниот лидер Црвенковски.
Интерсна била ситуацијата во СДСМ Центар, кога две жени, дел од партискиот одбор на СДСМ во оваа општина кога се гласале кандидатурите прашале, „Кој е Зоран Јовановски“?.
Инаку актуелниот потпретседател на СДСМ, задолжен за економски прашања потекнува токму од општина Центар.

А.С.

најчитано сега