„Твитерџиите“ ја нападнаа Меланија: „Јас би повикала социјална служба“ (ФОТО)
Уште пред да се пресели со своето семејство во Палм Бич, Флорида на 20 јануари оваа година, Меланија Трамп реши да паузира од социјалните мрежи и медиумите, но сепак, посака да сподели еден настан со сите, и тоа на својот твитер-профил.
Поранешната американска прва дама Меланија Трамп, на социјалната мрежа Твитер на својот син Барон му посакала среќен 15-ти роденден, но некои од корисниците ја нападнаа поради ваквата објава.
Имено, Меланија објавила фотографија од балони во облик на броевите 1 и 5, а поединци напишале дека им пречи тоа што балоните се со црна боја. Покрај бројката со балоните едноставно напишала „Среќен роденден БВТ“.
БВT се иницијалите на нејзиниот син Барон Вилијам Трамп, роден на 20 март 2006 година, а покрај тоа, поранешната прва дама на САД ставила и емотикони за срце. Но, и тоа не им се допаднало на корисниците на Твитер, кои веднаш, за кратко време, остро ја критикувале.
„Морничаво. Црни балони за 15-годишно дете. Кутро дете. Тој мрачен свет во кој живееш мора да биде многу студен, но ти посакувам среќен роденден. Се надевам дека убаво ќе си го поминеш“, „Јас би повикала социјална служба доколку мене мајка ми ми честиташе роденден со ваква морничава објава“, „Нека му е среќен роденденот, но чуден е изборот на црна боја за 15-ти роденден“, „Драга Меланија, си можела да најдеш малку повесела фотографија. Ова е морничаво, но можеби ти или тој така се чувствува“, биле само дел од коментарите на твитерџиите.
Happy birthday BWT pic.twitter.com/8AVZEhLeMg
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) March 20, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа