"Ако кажам се што знам ќе падне цела Влада" - исповед на таткото на малата Тијана за која Балканот се крена на нозе

Кога би кажале со мојата сопруга што се знаеме и низ што се поминавме за нашето детенце, би паднала цела Влада. Ова го изјавува таткото на малечката Тијана која за жал го загуби животот, а за која цел Балкан се крена на нозе.

Како што пренесува Наше Новине, таткото си ја отвара душата и вели дека во некои моменти бил потребен само еден потпис за нивното дете да замине на лекување. Семејството на малата Тијана која почина во Америка вели дека не ги зеле парите кои стигнале од целиот Балкан на сметката за нивната болна ќерка. 

- Добивме сметки од Америка, но немам ни морална ни законска обврска да ви кажам колку изнесуваа. Кога официјално ќе заврши судскиот процес, можеме да станеме сопственици на тие пари и да одлучиме што ќе правиме, вели таткото.

На прашање дали навистина зеле 2 милиони евра семејството само кратко одговорило Тоа не е вистина.

Инаку, малата тијана иако ја преживеа тешката операција, сепак откако сите мислеа дека ситуацијата ќе се подобри, ненадејно го загуби животот. Тијана почина поради излив во мозокот.

07.11.2013 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега