Калеников останува на чело на ССК

 

Управниот одбор на Комората на денешното редовно Собрание одлучи Златко Калеников да биде председател на Сојузот на стопанските комори уште седум месеци.

 Сојузот на стопанските комори одамна го надмина Статутот зашто е значително зголемен во обем, од три комори на почетокот, сега го сочинуваат вкупно осум со најмалку по пет групации.

- И останатите двајца кандидати за претседател Венко Глигоров и Сеат Кочан ја поддржаа мојата одлука. Постигнавме еснафски договор во функција на Комората, да останам на челната позиција до промена на Статутот. Следното Собрание е закажано за јуни идната година, рече Калеников кој, како што нагласи, нема да се кандидира на следниот избор за прв човек на ССК.

Според Кочан, многу работи во Стаутот се непредвидени и недоречени. - Ќе формираме работни групи кои сериозно ќе се зафатат со Статутот и ќе го изготват соодветно. Кој и да беше сега избран за претседател, ќе го носеше товарот на нелегитимен, истакна Кочан.

Глигоров додаде дека идејата е да се направи добар правен систем што ќе му овозможи на ССК да се развива во следните 10 години. - Една од причините зашто се кандидирав беше токму тоа, да поработам во тој дел, со членките, да видиме кои се нивните интереси, проблеми и потреби, за да ги вградиме во некоја програма која пак ќе биде во агендата на новиот претседател, изјави Глигоров кој не знае, рече, дали повторно ќе се кандидира.

Сојузот во меѓувреме треба да избере и свои претставници во Светската коморска организација каде што членува.

07.11.2013 - 14:23
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега