НБРМ: БДП годинава ќе порасне за 3,3 - догодина за 3,7 проценти
Најновите проекции на Народната банка покажуваат дека бруто-домашниот производ годинава ќе порасне за 3,3 отсто, а следната година за 3,7 проценти, додека растот на македонската економија се очекува во 2015 година да достигне 4,4 проценти. Главни носители на економскиот раст ќе бидат извозниот сектор, инвестициите и очекуваното зголемено кредитирање.
Од друга страна, стапката на инфлација, според НБРМ, годинава ќе биде 2,8, а следната 2,3 проценти.
07.11.2013 - 14:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа