Атмосфера на раб на тепачка поради Весна Бендевска

Жестока караница доведена до раб на тепачка. Вака изгледала вчерашната атмосфера на седницата на битолскиот одбор на СДСМ на која требало да се изберат 4 членови кои ќе бидат дел од Централниот одбор на партијата. Како што дознава Press24 од свои извори во СДСМ, битолскиот огранок на партијата инсистирал, членовите на Централниот одбор да немаат други функции, односно пратениците во Собранито да не може да бидат дел од највиоскиот партиски орган. Со ова не се согласиле пратениците на СДСМ, Весна Бендеска и Менде Динески. За разлика од Динески кој на крајот сепак попуштил и се согласил дека не треба да има дуплирање на функциите, Весна Бендеска останала тврдо на својот став. Таа по секоја цена инсистирала да биде дел од Централниот одбор што довело до жестока кавга која малку фалело да премине во тепачка. На крајот Бендеска не попуштила па СДСМ Битола составил листа од 7 потенцијални кандидати за членови на ЦО. За вечерва е закажан нов состанок на општинскиот одбор, каде што од оваа листа ќе треба да отпаднат тројца. Според наши извори, ништо помирна атмосфера не може да се очекува ниту вечерва.

најчитано сега