Дневен хороскоп: Убав ден за еден знак, го очекува прилив на пари

 

ОВЕН

Ако се занимавате со приватен бизнис, правите тајни планови врзани за соработка со странство. Ако сте во врска, максимално сте посветени на саканата личност. Чувајте се од инфекции.

БИК

Поволен ден за завршување на судски процес. Чувствувате олеснување со оглед дека решението е донесено во ваша корист. Ако сте слободни, нема никакви промени на емотивното поле, и покрај вашата дружељубивост. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат тајни финансиски трансакции. Таинствени сте кога е работата во прашање. Брачниот партнер размислува за заминување во странство, а вие ја поддржувате идејата. Урогениталниот тракт е чувствителен.

РАК

Максимално сте посветени на работата со тоа што уживате во обврските. Се тече глатко, и сигурни сте дека и резултатите ќе бидат одлични. Брачниот партнер е загрижен поради враќањето на кредитот. Ви годи рекреација и се чувствувате добро.

ЛАВ

Ве очекува прилив на пари. На работа нема некои значајни случувања, се се одвива според планот. Емотивно сте заинтересирани и отворено го покажувате интересот кон симпатијата. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Ве очекува разговор со надредената личност во текот низ кој се жалите на тешкотиите. Другата страна ве охрабрува и верува дека ќе ги решите. Наклонети сте кон сонување и брачниот партнер не го гледате реално. Лоша циркулација.

ВАГА

Во фаза сте на размислување што би можеле да работите. Имате впечаток дека работата влегла во рутина, а вам ви треба промена. Иницирате сериозен разговор со партнерот на тема заедничко потомство. Проблеми со главата.

ШКОРПИЈА

Имате план за соработка врзана со странство. На регуларна работа се е под контрола. Сонувате за идеална врска. Чувајте го здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува успех или добивање на нова понуда. Во секој случај се чувствувате задоволно поради работата. Врската нормално се развива, иако имате впечаток дека партнерот е љубоморен. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

 

Ве очекува разговор за нова работа на кој оставате одличен впечаток. Со брачниот партнер ве очекува разговор. Сака да разговара за работата, поточно размислува да го промени, па го интересира вашето мислење. Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува краток службен пат и работен состанок на кој нема да се снајдете најдобро. Ќе бидете недоречени, и вашите предлози нема да бидат детални и конкретни. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со личност од странство. Стабилно здравје.

РИБИ

Ова е еден од најдобрите периоди. Имате многу обврски, уживате во работата и исполнети сте во работна смисла. Бракот е стабилен, но ви недостасува внимание од партнерот. Организмот ви е чувствителен. Внимавајте на здравјето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2021 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега