Се огласија Џенифер Лопез и Алекс Родригез: „Сфативме дека подобро функционираме како пријатели“
Иако веќе некое време негираа, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез и поп дивата Џенифер Лопез денес го потврдија она за што се шпекулираше еден месец. Тие одлучија да стават крај на нивната врска и да продолжат како пријатели.
На фановите им се обратија со следната изјава: „Сфативме дека подобро функционираме како пријатели и очекуваме да продолжиме да бидеме во добри односи. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме едни со други на нашите заеднички работни места и проекти.“
Да потсетиме, тие ја започнаа врската во 2017 година, а во 2020 година планираа да стапнат на лудиот камен, што го спречи короната. Пред еден месец се појавија гласини дека Алекс ја изневерил поп-дивата и дека старлетата Медисон Лекрој е главниот виновник за пропаѓањето на оваа љубов.
Потоа се огласија и рекоа дека нивната врска е во криза, но дека ќе останат заедно, но се покажа дека не успеале да го надминат проблемот.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа