Технолошко-индустриско развојната зона - Тетово ќе отвори 7000 нови работни места

 

Со свечена церемонија денеска беше поставен камен-темелник на новата Технолошко - индустриско развојна зона - Тетово.

На поставувањето камен-темелник присуствуваше претседателот на влатада, Никола Груевски, како и министерот за економија, Ваљон Сарачини.

Министерот за економија Ваљон Сарачини посочи дека со започнувањето на работа на оваа развојна зона се создаваат и дополнителни можности за компаниите кои веќе работат во регионот, а кои се поттикнуваат во нивната конкурентност и иновативност.

Претставниците од групацијата Нормак која ќе стопанисува со ТИРЗ - Тетово нагласија дека ова е почеток на инвестиција вредна околу 160 милиони евра. Влезот на свеж капитал во изградба на ТИРЗ - Тетово ќе значи работа за компаниите, но и трансфер на знаења, искуства и вештини. 

Премиерот Никола Груевски потенцираше дека на ова место е планирано да се отворат голем број фабрики кои треба да обезбедат голем број на работни места за жителите на Тетово и овој регион од државата. Тој додаде дека, ТИРЗ - Тетово е дел од големиот проект на Владата на Република Македонија за основање на вакви зони.

- Благодарение на овој проект, досега се ставени во функција ТИРЗ - Скопје 1, ТИРЗ - Скопје 2 и зоната во Штип, а во тек се градежни активности на зоните во Кичево, Гевгелија, Струмица и Прилеп. Дополнително се работи на отпочнување со градба на зоните во Радовиш, Струга - Охрид, Ранковце, како и во реонот Кочани - Виница и  Берово - Делчево, истакна Груевски.

Проектот ТИРЗ - Тетово треба за неколку години да отвори над 7000 работни места. Предвидено е за неколку години оваа зона да има околу 30 индустриски проекти кои ќе испорачуваат стоки и услуги во земјава, но и на странските пазари. Владата и Министерството за економија и во следниот период ќе продолжат да го следат развојот на зоната во Тетово, оти се работи за проект кој се реализира со јавно - приватно партнерство.

 

 

 

08.11.2013 - 13:13
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега