Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од кралицата и принцот Филип

 

Британското кралско семејство во средата на својот официјален профил на „Твитер“ објави досега невидена фотографија од кралицата Елизабета Втора и починатиот принц Филип со своите правнуци. Фотографијата ја сними војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во замокот Балморал во 2018 година.

На фотографијата малиот принц Џорџ стои на левата страна до кралицата, а принцот Луис седи во нејзиниот скут.

Савана Филипс позира веднаш зад принцезата Шарлота, која седи покрај војводата од Единбург. Десно од него е Исла Филипс, која ја држи Лена Тиндал, а Миа Тиндал стои десно.

На принцот Филип, кој почина минатиот петок на 99-годишна возраст, се присетија и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои исто така споделија заедничка фотографија со кралицата и војводата од Единбург во јавноста.

Нивната фотографија исто така е снимена во Балморал, но во 2015 година, а на неа војводата од Кембриџ ја држи раката на својот син, принцот Џорџ, а принцезата Шарлота е во прегратката на војвотката.

„Денес го паметиме како татко, дедо и прадедо“, пишува на твитер-профилот на Кенсингтон ројал.

И принцот Чарлс и неговата сопруга Камила објавија две фотографии во спомен на Филип. На едната војводата и младиот Чарлс играат поло, а на другата Филип стои помеѓу принцот од Велс и војвотката од Корнвол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега