Принцот Хари два часа разговарал со Вилијам и Чарлс

 

Принцот Хари поминал два часа разговор со таткото Чарлс и братот Вилијам во саботата, мала надеж дека нивниот раздор може да се надмине, пишуваат британски медиуми.

Тројцата разговарале далеку од јавноста по погребот на принцот Филип.

Тие беа забележани заедно по церемонијата во замокот Виндзор, пишуваат медиумите, цитирајќи упатени извори дека интервјуто за Опра сигурно било една од темите на разговор.

37-годишникот се сретна со своето семејство лице во лице за прв пат по повеќе од една година, откако тој и сопругата Меган го напуштија кралскиот живот и се преселија во САД.

„Сè уште е рано, но се надевате дека ова е токму првиот чекор што Филип би го посакал,“ изјави инсајдер за весникот „Сан“.

„Не е познато што се зборувало зад затворени врати и кога беа исклучени камерите, но најверојатно некои од темите биле Мегзит и Опра,“ вели истиот извор. „Ако сè оди добро, тој може да остане за роденденот на кралицата.“

Но, принцот Хари не остана. Тој си отиде од Британија само еден ден пред роденденот на неговата баба.

Според извори блиски до кралското семејство, тој се двоумел дали да остане за роденденот, но бил нетрпелив да ја види бремената сопруга.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега