Сите роднини ги направил директори - кој е всушност Никола Рилковски?

 

Никола Рилковски е кандидатот за нов претседател на ДИК кој опозициската СДСМ го достави до Парламентот. Рилковски беше пратеник на СДСМ во македонското Собрание и важи за локален моќник во СДСМ во Охрид.

Според информациите од охридската јавност, Рилковски својата позиција во СДСМ и блискоста со поранешниот градоначалник Александар Петрески ја искористил да вработи поголем дел од своето семејство на раководни функции во Охрид, јавува Курир.

Токму во тој период неговиот син Наум Рилкоски, станал директор на гимназија „Св. Климент Охридски“ во Охрид, а другиот син Александар Рилкоски, бил вработен во Општина Охрид како комунален инспектор.

Неговиот сват Драган Пандески, татко на сопруга на синот на Рилкоски беше поставен за директор на „ЈП Гробишта“ во време на Александар Петрески и во моментов се соочува со кривична пријава за злоупотреба на службена положба.

Зетот од сестра на Рилкоски, Боро Шајн, беше директор на „ЈП Билјанини извори„, јавно претпријатие кое на скандалозен начин ги даде под концесија паркинзите во Охрид. За овој случај имаше доста полемики во Охрид како може доктор да биде поставен за директор на „ЈП за паркинзи и спортски објекти“.

Исто така Рилковски во времето на СДСМ изгради и зграда во луксузниот дел на Охрид на булеварот Туристичка, во која потоа беше сместен штаб на СДСМ.

Во периодот кога беше пратеник во Собранието ќе остане запаметен по инцидентот кој што го предизвика, кога фрлаше со шише и ја навредуваше својата колешка Светлана Јакимовска.

 

09.11.2013 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега