Мицкоски телефонски разговараше со Туск: Не е можен напредок, со корумпирано судство
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук објави дека остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, поранешен претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска.
– Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот, напиша Мицкоски.
Посочи дека со Туск договориле понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и на земјата.
Остварив телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија г. Donald Tusk, кој воедно беше поранешен...
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 12 May 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа