Направете си сок од чувар куќа: Лек за желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, имунитет

 

Чувар куќа е позната билка на нашите простори, позната како „Балканското алое вера“ а се користи за лекување на многу болести. Не само што помага за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво.

За чувар куќата може да се каже дека навистина е чувар на нашето здравје, бидејќи се користи за лекување на целиот наш организам и одвнатре и однадвор. Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед.

Потребни состојки: една голема полна чаша свежо набрани дебели листови од чувар куќа, 250 мл мед и сок од два лимона. Според друг, постар рецепт, соодносот на намирниците е следниот: 180 г лист од чувар куќа, 500 г мед и 200 мл цеден сок од лимон

Постапка: Целата постапка за приготвување можете да ја проследите во видеото чиј линк е даден подолу во текстот. Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо.

Додајте мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ односно слатка од медот, исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додајте во смесата и уште еднаш промешајте.

Ќе добиете полутечна смеса. Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија за да не допира светлина до неа. Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк, во текот на два месеци. 

Истражувањата покажале дека оваа билка содржи органски киселини, флавоноиди, танини, шеќери, липиди и смоли кои му даваат против воспалително својство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега