Четири природни начини како да се ослободите од темните кругови под очите

 

Постојат доста луѓе кои страдаат од темни кругови под очите и сметаат дека единствениот начин да се ослободите од нив е со помош на коректор или редовно користење крем за очи, но всушност постојат уште четири трикови кои даваат одлични резултати.

Спиење на две перници

Темните кругови се, генерално, показател за недостаток на сон, но исто така се чести кога сме и целосно наспани. Меѓутоа, ако спиеме на две перници, а не на една, главата ќе биде во позиција што спречува задржување на водата во долните очни капаци.

Назални капки

Покрај недостаток на сон, темни кругови се јавуваат и поради назална конгестија. Спреј или капки за нос може да го решат овој проблем, иако треба да се консултирате со професионалец со цел да се избегне оштетување на носната празнина поради прекумерна употреба на овие супстанции.

Зелен чај и лосос

Освен што влијае на целиот организам, храната што ја јадеме влијае и на очните капаци. Експертите советуваат да го заменат кафето со зелен чај, како и да внесе лосос во редовната исхрана, бидејќи тоа има корисен ефект врз спречување на појава на подочници.

Краставица

Краставицата исто така ја намалува напнатоста околу очите затоа што содржи 95% вода, поради што делува на смалување на крвните садови. Сè што треба да направите е да исечете две парченца краставици и да ги поставите под очите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега