Папата бакна број истетовиран на рака на жена која го преживеала Аушвиц

 

Папата Франциск бакна број истетовиран на раката на Лидија Максимович, која преживеала медицински експерименти во нацистичкиот логор Аушвиц.

Папата внимателно го слушаше полскиот свештеник кој ја придружуваше Максимович (80), кој му ја раскажа нејзината приказна.

Таа потоа го засука ракавот и тој го бакна бројот 70072, а таа го прегрна. 

Максимович и нејзиното семејство биле а однесени од нивниот дом во Белорусија во нацистичкиот логор на смртта во окупирана Полска во декември 1943 година, непосредно пред нејзиниот трет роденден.

Таа била сместена во детски логор, каде што таа и другите деца биле предмет на медицински експерименти на Јозеф Менгеле.

По ослободувањето на логорот во 1945 година, руските војници претпоставиле дека нејзината мајка Ана, која имала тетоважа со бројот 70071, починала.

Лидија ја посвоило и одгледало полско католичко семејство.

Родена како Људмила Боцарова, таа не знаела дека нејзината мајка преживеала, и тие се виделе кусо пред смртта на нејзината мајка на почетокот на 60-тите години од минатиот век.

За Лидија Максимович, која живее во Краков, Полска, беше направен документарен филм со наслов „70072: Девојката што не можеше да мрази. Вистинска приказна за Лидија Максимович“.

26.05.2021 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега