Над 5000 станови се непродадени - цените и понатаму ќе паѓаат
Над 600 структурно завршени станови минатата недела во продажба пушти Џевахир Холдинг во рамки на резиденцијалниот комплекс Скај Сити. Проценките се дека во моментов над 5000 новоизградени станови на македонскиот пазар се непродадени, пренесува економски.мк.
Според податоците од Економски.мк, во првата половина од 2013 година станбениот сектор во Скопје бележи значителен раст. За 90% се зголемил бројот на нови станови пуштени во употреба, во однос на втората половина на 2012-та година, а 43% од становите се непродадени во првата половина од годинава.
Во однос на цените на новите станови, просечната цена во Скопје бележи намалување за 4,9% во споредба со втората половина на 2012 година: - Евидентно е дека факторите се далеку од правопропорционални и дека цената како фактор значајно доцни со својата корекција зад движењето на градежната експанзија. За да се избалансира пазарот цената треба да ја пресретне мнозинската куповна моќ, вели Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон Интернешенл Македонија, консултантска куќа за недвижности.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа