Голем истражувачки сателит изгоре на влезот во атмосфератa

 

Како што соопшти денска Европската вселенска агенција, голем истражувачки сателит за мапирање на гравитациското поле на Земјата, откако останал без гориво и почнал да губи на висина, изгорел по влезот во атмосферата.

Директорот на одделението на ЕСА за вселенски отпад Хајнер Клинкард во извештајот објавен на Интернет страницата на агенцијата наведе дека станиците за следење на движењето на сателитот последен пат оствариле контакт со сателитот GOCE синоќа во 23.42 часот, додека се наоѓал на околу 121 километар над Антарктикот.

- Се проценува дека повторен влез во атмосферата сепак „преживеале“ 25 проценти од сателитот, кој првично бил со големина на автомобил, а отпадот најверојатно е завршен во океанот, истакна Клинкард.

 

 

 

11.11.2013 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега