Шок во Париз: Федерер се повлече од Роланд Гарос
Некогаш најдобриот на АТП листата, Роџер Федерер се повлече од гренслем-турнирот Ролан Гарос, откако такво нешто најави и претходно по долгиот меч против Доминик Коефер.
Федерер во осминафиналето требаше да се соочи против Матео Беретини, по што ако победеше, најверојатно во четвртфинале ќе налеташе на Новак Ѓоковиќ
„По разговорите со мојот тим, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По двете операции на коленото, важно ми е да го слушам моето тело и да не се форсирам себеси на патот кон рехабилитацијата. Мило ми е што одиграв три натпревари, нема поубаво чувство од тоа да се вратите на теренот. Се гледаме наскоро“, напиша Федерер.
— Roger Federer (@rogerfederer) June 6, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа