Насилници претепале малолетник среде центарот на Скопје

 

Насилниците не запираат да прават хаос по улиците. Уште еден малолетник од Скопје синоќа бил нападнат среде улица во центарот на градот. 

Според информациите од полицијата, се работи за 14-годишниот В.А. кој бил претепан околу 17 часот кај хотелот Холидеј Ин, од страна на група од 6-7 насилници, од албанска националност.

Момчето завршило со раскрварен нос и модринки по телото. 

Полицијата трага по сторителите, а случајот во полиција го пријавиле родителите на момчето.

 

 

12.11.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега