Насилниците кои се испотепаа во струшкиот ноќен клуб „Оаза“ ќе платат 350 евра казна
Струшката полиција поднесе кривична пријава против тројца стружани од една страна и тројца турски државјани од друга страна, кои учествуваа во тепачката што се случи на 10 ноември во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга. Насилниците за делото кое го направиле насилниците треба да платат казна од 350 евра.
Се работи за стружанецот С.М. , 21-годишните М.Б. и Н.П. и нивните врскини од Турција, Б.М., Д.Д. и У.И кои околу четири часот наутро во ноќниот клуб Оаза го нападнале турскиот државјанин Б.М. удирајќи го со тупаници по лицето, а потоа настанала тепачка во која се вклучиле и останатите турски државјани. Откако се вратиле во домот каде престојувале, турските државјани со цел да ја земат патната исправа што ја заборавиле во ноќниот клуб, повторно се упатиле кон „Оаза“, каде повторно се испотепале со Македонците, откако ги забележале на паркинг-просторот. Д.Д. со пивско шише го удрил М.Б. по главата, а во тепачката бил употребен и електричен парализатор кој С.М. од Струга го употребил кон турскиот државјанин Д.Д. кој откако бил соборен на земја, бил нападнат со раце и нозе од првите тројца пријавени.
Во жестоката тепачка на паркинг-просторот, турскиот државјанин Д.Д. со кујнски нож кој претходно го земал од својот дом, замавнал кон С.М. и Н.П. нанесувајќи им повреди на градниот кош и колковите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа