Меси на чекор до гол од јужноамериканскиот рекорд на Пеле

 

Аргентинскиот капитен Лионел Меси се запиша во листата на стрелци во синоќешната победа од 3;0 во четвртфиналето на Копа Америка над Еквадор од 3:0 и се доближи на чекор до израмнување на уште еден рекорд на легендарниот Бразилец, Пеле.

Голот во судиското продолжение за Меси беше вкупно 76 во дресот на Аргентина и му недостасува уште само еден погодок да се израмни со Пеле, како фудбалер со најмногу постигнати голови за јужноамериканска репрезентација.

Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе игра против Колумбија, која во првиот натпревар од четвртфиналето во групата А го совлада Уругвај на пенали со 4:2, откако дуелот заврши без голови во регуларниот дел и двете продолженија на стадионот „Мане Гаринча“ во Бразилија.

Втората полуфинална двојка на Копа Америка ја сочинуваат домаќинот Бразил и Перу.

04.07.2021 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега