ПСЖ испрати понуда до Лионел Меси

 

Лионел Меси е слободен агент, односно формално истече неговиот договор со Барселона. Тој може да преговара со било кој клуб, а ПСЖ не чекаше премногу и веднаш испрати понуда до Аргентинецот.

Според шпанскиот весник „АС“, францускиот гигант ќе се обиде да потпише со Меси и затоа веќе испратил договор до неговиот менаџерски тим, кој е предводен од неговиот татко Хорхе Меси.

Приоритет на фудбалерот е да остане во Барселона, но каталонскиот гигант има сериозни проблеми со финансиите. Ла Лига го намали нивниот буџет за плати, поради намалениот приход изминатиот период, па затоа клубот сè уште се нема договорено со својот капитен за нова соработка.

 

Јасно е дека ПСЖ ќе му понуди далеку подобри лични услови на Меси, но останува да видиме дали ќе остане верен на Барселона за далеку помала плата од претходно.

04.07.2021 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега