УЕФА се коригираше, Сејдини и Поповски запишани како Македонци
УЕФА ја поправи грешката на својата официјална веб-страница, каде што претседателот и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија наместо како Македонци беа запишани како „Северномакедонци“.
Министерството за надворешни работи вчера испрати реакција до УЕФА, на чиј официјална веб-страница, каде што се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски беа запишани дека по националност се „Северномакедонци“.
-МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на С Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле кој било од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите нации, рекоа од Министерството за надворешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа