Крвната група открива какви сте во кревет
Можат ли љубовниците навистина да се споредат според крвната група? Некои истражување велат дека можат.
Истражување на експерти од Универзитетот Орда во Турција покажало дека 42 отсто од испитаниците со крвна група А признале оти имаат проблеми во сексот.
Лицата со нулта крвна група се оптимистични, одговорни и совесни, а најслабата точка им се стресот и досадата.
Адреналинот е тоа поради што се чувствуваат живи – колку се поактивни, толку повеќе се полнат со позитивна енергија. Мажите со нулта крвна група се великодушни партнери во кревет, задоволството на другата страна им е многу важно, па некогаш самите ќе се лишат од задоволство само за поубавата половина да ужива повеќе.
Посилниот пол со крвна група А, Б и АБ често знаат да направат грешка, додека оние со нулта крвна група се среќници зашто кај нив постои најмала веројатност да ја остават жената разочарана по сексот, покажува истражувањето на турскиот универзитет.
Само 16 отсто од испитаниците со нулта крвна група се пожалиле на проблеми во сексот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа