Италија преку пенали во финале

 

Италија е првиот финалист на Европското првенство. До најважниот натпревар на ЕП пристигнаа преку пеналите откако по 120 минути немаше победник во мечот со Шпанија.

4:3 беше конечниот резултат по ударите од белата точка. Првите изведувачи од двете страни, Локатели и Олмо не успеаја да ја погодат мрежата. Трагичар за Шпанија беше Мората, чиј шут го прочита италијанскиот голман Донарума.

Претходно Италија прва ја затресе мрежата во 60 минута преку Киеза кој одлично се снајде по една брза транзиција на италијанците.

20 минути подоцна, во 80 минута Мората и Олмо одиграа одлична двојна игра. Мората тргна напред, му додаде на Олмо, а тој веднаш му ја врати, па тој се најде сам пред Донарума.

06.07.2021 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега