СДСМ за уривањето на споменикот на стреланите скопјани: Власта сака да ги избрише најсветлите делови на нашата историја

 

Опозициската СДСМ денеска реагираше за уривањето на споменикот на стреланите скопјани на Камениот мост. Таа оваа постапка ја оцени како „ последен пример за несовесно и неодговорно однесување кон македонската историја и култура“.

- Овој споменик повеќе го нема до Камениот мост - на местото каде на 13 ноември 1944 година германските фашисти за одмазда стрелале деветмина граѓани, случајни минувачи. Обележјето е урнато при изведувањето на градежните работи за новите објекти околу плоштадот „Филип Втори“, изјави денеска Дарко Давитковски, член на Извршен одбор на СДСМ. 

Тој додава дека станува збор за „обид на ВМРО-ДПМНЕ за бришење на најсветлите делови на македонската историја и за создавање нов идентитет на македонскиот народ“. 

12.11.2013 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега